ASUS K52JR vs DELL Inspiron 1564

Овде ќе споредиме два добри модели на лаптопи од новата генерација, со i3 процесори и DDR3 RAM мемории. Овие два модели се со приближно исти карактеристики и со приближно иста цена, па затоа е интересно да ги споредиме. Поголема разлика единствено е тоа што моделот на ASUS има графичка картичка со сопствена меморија, додека моделот на DELL има интегрирана графичка картичка.

Подетални информации за моделот на ASUS може да видите овде.

Подетални информации за моделот на DELL може да видите овде

Пред да ги дадеме резултатите од тестирањето, да ги претставиме условите на тестирањето. Како тест програма (benchmark) ја користиме најновата верзија на реномираната Futuremark, PcMark Vantage.

Двата лаптопи се инсталирани со оперативен систем Windows 7 Ultimate 64-bit. За инсталација се користени оригиналните драјвери од соодветните производители. Дополнителните програми се истите и на двата лаптопи. И двата лаптопи после инсталацијата се оптимизирани со TuneUp Utilities 2010.

На следните слики е прикажан изгледот на PcMark и рејтингот кој оперативниот систем го дава за ASUS K52JR:

На следните слики е прикажан изгледот на PcMark и рејтингот кој оперативниот систем го дава за  Dell Inspiron 1564:

За крај ги оставивме резултатите:

Како што гледаме, ASUS-от излегува како вкупен победник што се должи на малку побрзиот процесор и многу подобрата ATI Radeon графичка картичка. Но, тоа е цената што се плаќа кога се купува лаптоп од бренд како што е Dell.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *