Конвертирај веб страна во pdf документ

Многу често наоѓаме некоја веб страна со интересна содржина која сакаме да ја зачуваме. Ако ја зачуваме на класичен начин како веб страна (File/Save Page As…), на локацијата која ни е изберена на нашиот browser за сместуваење на dowload-ираните фајлови, ќе се појават еден .html фајл е еден фолдер, во кој се сместени елементите од страната. Често пати, на овој начин снимената страна се разликува од онаа која ја гледаме “Online” поради некои заштитени фајлови кои не може да се dowload-ираат.

Затоа, овде ќе понудиме едно многу интелигентно решение, со кое веб страната може да ја конвертираме во pdf документ, во кој веб страната ќе го има истиот изглед како што ја гледаме “Online”. И покрај тоа, имаме само еден фајл.

PDF My URL нуди едно многу интелигентно решение.

Значи начинот на работа е следен:

– ја копираме адресата на веб страната која сакаме да ја зачуваме.

– ја залепуваме на линијата и кликнуваме на копчето на крајот од редот и

– после некое време ќе ни се download-ира pdf документ

Линкот до оваа веб страна е следниот.