Како да симнеш видео од YouTube

Многу често се јавува потреба да симнеме неко видео од YouTube. Се прашуваме кој е најлесниот начин за тоа. Која програма е најдобра за оваа намена. До пред скоро време најголем дел ја користеа YouTube Downloader. Но, откако YouTube направи поголеми измени за да може да има видеа со различнии резолуции и квалитет, нашиот мал корисен софтвер, како и најголем дел од другите со иста намена престанаа да работат.

Затоа, овде ќе ви презентираме едно едноставно и елегантно решение. Наместо да користите софтвер, да користите веб страна. Поедноставно е во смисла дека треба да симнувате софтвер и да го инсталирате, а елегантно во смисла дека при секоја измена на YouTube нема да морате да инсталирате нов софтвер бидејќи стариот кој сте го користеле повеќе не функционира, туку операторите на веб страната ќе ги направат овие измени за вас.

Значи, видео од YouTube симнуваме на следниов начин:

Кликнете на следниов линк:

и во местото означено со URL ја внесуваме адресата на видеото од YouTube. Откако ќе кликнете Download ќе ви се појават повеќе линкови, од кои изберате во кој формат сакате да ви биде видеото, која резолуција и каков квалитет.

Да напоменеме, за можете да ги користите предностите на оваа веб страна, треба да имате инсталирано JAVA (Java Runtime Environment), која ако ја немате може да ја преземете од ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *