Need For Speed Undercover

Need For Speed Undercover се одликува по тоа што главниот играч игра улога на прикриен (undercover) полицаец. Заедно со агентот Chase Linn имаш улога да ги уапсиш група на улични тркачи кои се поврзани со меѓународниот шверцерски ланец. Приказната се раскажува преку повеќето сцени во кои глумат повеќе познати актери. Приказната покренува иницијатива која се спроведува од трка во трка.

Исто како и кај претходните Need For Speed игри, сите трки се одвиваат на улиците на градот – овде е Tri-City Bay. Играта започнува така што на почетокот се вози со мизерен автомобил, но после кратко време имаме можност да возиме подобро возило. Потоа, како што напредуваме со возењето, заработуваме пари, отклучуваме +5о дополнителни возила како Nissan, Dodge, Cadillac, Ford, Porsche, Lamborghini, BMW, Aston Martin, Mitsubishi и други. Исто така, како напредуваме во играта, ни се отклучуваат се повеќе пакети за тунинг и изглед на нашето возило.

Во трките, заработуваме пари не само кога доминираме (постигнуваме време подобро од времето ке ни е зададено), туку и кога победуваме и со време многу полошо од ова. Возењето со стил и дрифтањето, како и возењето блиску до колите ти се наградуваат со тоа што ти се надополнува нивото на Нитро (N2O).

Во Undercover често се среќаваме со полицијата. Најчестите предизвици поврзани со полицијата се да онеспособиме одреден број на полициски возила или да направиме одредена штета на државата и потоа да избегаме од полицијата. Како помошни среднства во борбата со полицијата ги користиме посебно означените места – “Pirsuit Brakers”, кои ги онеспособуваат полициските возила кои не следат. Зависно од нивото на “Heat” од полицијата, имаме работа со побавни или побрзи полициски коли, а во повисоките нивоа и хеликоптери, како и препознатливите “Spike Strips”.

Имаме повеќе типови на трки, како познатите Sprint, Circuit Race, Checkpoint и други, а како новина е воведена “Highway Battle”, која како и што самото име кажува се одвива на автопатот, каде се соочуваш со друг возач и победник е оној кој прв ќе направи 300 метри предност во однос на другиот возач. Исто така, се извршуваат мисии каде треба да украдеш возило и да го однесеш до одредена дестинација и притоа да внимаваш да не го оштетиш премногу возилото.

Играта е интересна и за разлика од другите NFS игри, со минувањето на сите трки не ги отклучува сите коли и тунинг пакети да бидат бесплатни, туку продолжуваш со понатамошно играње за да ја наполниш својата гаража со врвни автомобили.

Друга позитивна страна на оваа игра е брзото отпочнување на тките, и тоа додека возиш низ градот, кога ќе дојдеш до некое место означено за трка, со кликање на Tab, веднаш влегуваме во трка. Доколку не се наоѓаме блиску до местото означено за почеток на трка, со кликање на буквата G од тастатурата ја отвараме GPS мапата на градот и директно избираме која трка ќе ја возиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *