АВАТАР

Tommy   02/04/2010   No Comments on АВАТАР

Аватар е игра во производство на Ubisoft, која е инспирирана од истоимениот филм во режија на Џејмс Камерон. Аватар е игра во трето лице, со жанр акциона авантура. Има опција да се игра во 3д, со соодветни очила, се разбира.

Сценариото на играта малку се разликува од она на филмот. Играта започнува кога играчот како лик Ryder доаѓа на планетата Pandora. Ryder е водено лице кое е експерт за телекомуникациски врски. Но набргу, неговите ангажмани се прошуруваат уште во првите неколку мисии, кога на пат да ги поправи оштетените предаватели ќе налета на viperwolfs и жителите од планетата Pandora – “Navi”. Пресврт во сценариото се случува кога Ryder ќе стане АВАТАР – (аватар според Хиндуизмот претставува контрола врз друго тело) и во своето ново тело како Navi ќе добие задача да го открие шпионот кој ги уништува комуникациските врски помеѓу базните станици. Кога ќе го открие шпионот, играчот има можност сам да го одреди понатамошното сценарио:

– да го убие шпионот и да биде во телото на воено лице на страната на луѓето и да се бори против Navi, или

– да ги убие воените лица и да премине на страната на Navi контролирајќи го телото на Navi.

После овој избор, играта се одвива слично независно дали играте како човек или како Navi. Целта е да се соберат трите хармоници од трите дрва со кои ќе може да се активира главното дрво Eywa, со што се презема контролата врз целиот жив свет на планетата Pandora.

Откако ќе ги собереме трите хармоници, малку се раздалечуваат двете сценарија:

-во случајот кога играме со Navi, треба што побрзо да стигнеме до Eywa пред воздушната флота на луѓето да го уништи.

-во случајот кога играме со човек, доаѓаме до место каде еден Navi поглавар ве предомiслува да на го уништувате дрвото Eywa, туку да им се преидружите на Navi во борбата против суровата војска, која со самото уништување на Eywa дрвото би ставила крај на живиот свет од планетата Pandora.