Kingston ја претстави “најбрзата меморија” во светот

Kingston ја претстави, според нивното тврдење, Intel-сертифицираната, ‘најбрзата меморија’ во светот.

“Kingston-овиот HyperX dual-channel DDR3 мемориски сет кој работи на 2400MHz, доби Intel XMP сертификат за Core i7 платформата,” изјави претставникот на Kingston за новинарите преку електронска пошта.

“Сетот на 2400MHz работи на 9-11-9-27-2 тајмери при 1.65 волти и е развиен од ентузијасти гејмери и бенчмаркери кои се трудат да достигнат се повисоки и повисоки нивоа кај мемориите.”

Според Kingston, сетот на 2400MHz бил создаден со “највисоките принципи за инжинерско дизајнирање” и бил подложен на тестови за стандарден квалитет според фабричкиот произведувач, за да го добие силно посакуваниот Intel XMP сертификат.

Меморијата исто така “успешно” е тестирана на неколку P55 базирани системи, вклучувајќи ја и екстремно брзата Gigabyte GA-P55A-UD4P матична плоча.

Kingston 2400MHz мемориите ќе бидат достапни во почетокот на вториот квартал во 2010 година.