ASUS UL50VT – Ултра Тенок Алуминиумски Дизајн

ASUS UL50VT е нов модел на ASUS од серијата UL (Ultra Light). Се одликува со ексклузивен дизајн и избор на материјали. Неговиот тенок дизајн (само 1.64cm) и употребата на алуминиум и квалитетна пластика, овој лаптоп го ставаат во висока класа, и му овозможуваат да биде тежок само 2.1 килограми.

Покрај овие, други предности кои го прават овој лаптоп различен од другите, е батеријата со голем капацитет од 5600mAh, и тоа што е најспецифично – има две графички картички. Едната е интегрирана (Mobile Intel® GS45),  а другата е со сопствена меморија (NVIDIA® GeForce® G 210M , 512MB GDDR3 VRAM). На овој начин, со користење на интегрираната графичка картичка (може да избереме која графичка картичка ќе ја користиме), батеријата со голем капацитет овозможува работа до 12 часа.

Подетални спецификации за овој модел се дадени подоле:

За крај ќе погледнеме како изгледа лаптопот и ќе ја претставиме содржината на пакувањето. Како што гледаме, и самиот дизајн на кутијата ни навестува дека станува збор на специјална серија од ASUS.